Top Sport

Пике повторно го провоцира Реал

Џерард Пике, играчот на Барселона, ужива кога ќе упати провокација на адреса на големиот ривал Реал Мадрид. Поранешниот шпански репрезентативец, не издржа да го искоментира заминувањето на Кристијано Роналдо од „кралскиот клуб“.

„Многу добро се работи во тој клуб. Заминувањето на Роналдо за нив е голема работа. Мислам дека сега ќе делуваат како тим, а не како група индивидуалци или како тим чија игра се врти околу еден фудбалер“, порачал Пике.

Кристијано Роналдо, во трансфер вреден 100 милиони евра се пресели во Јувентус, откако претходните девет години го мина во Реал.

Scroll to Top