Top Sport

Пике прифати намалување на плата за да се регистрираат тројца играчи

Фудбалерите на Барселона утре ќе го одиграат првиот натпревар од новата сезона – прв во пост-Меси ерата на клубот, против Реал Сосиедад.

За тој дуел Каталонците лесно можеше да останат без услугите на најголемото засилување летово Мемфис Депај, затоа што неговата регитстрација „висеше“ поради финансиски норми.

Неколкумина играчи на клубот од „Камп Ноу“ требаше да се откажат од дел од нивните плати за да се регистрираат засилувањата.

Искусниот Жерар Пике има еден од најголемите договори во клубот, па реши да и помогне на Барселона. Прифати намалување на платата во последен час за да бидат регистрирани Депај, но и Ерик Гарсија и Реја Менај за мечот со Сосиедад, пишуваат шпанските медиуми.

Во блиска иднина, каталонскиот клуб ќе мора да ги наговори и Алба, Бускетс и Серхио Роберт на истиот чекор за да не се најдат повторно во слична ситуација.

Scroll to Top