Top Sport

Пике: Сфаќам зошто замина Нејмар

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике вели дека разбира зошто Нејмар решил да се приклучи на Пари Сен-Жермен, иако овој трансфер ги „болеше“ шпанските гиганти.

25-годишниот Бразилец направи шокантен трансфер во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а самиот Пике се „посрамоти“ кога неколку дена пред трансферот објави фотографија со Нејмар на Твитер со пораката „останува“.

Сега, Пике вели дека ја сфаќа одлуката на својот поранешен колега.

„Се обидуваш да го дадеш својот максимум за клубот и да креираш пријателства, така што останувам добар пријател со Нејмар. Клубот го болеше кога тој замина, но како пријател разбирам зошто сакаше да оди во Париз и се обидов да бидам фер кон него. Како навивач на Барселона, тоа ме болеше и ги сфаќам и навивачите дека не се задоволни од начинот на кој тој замина“, изјави Пике.

Според него, вистинската причина за заминувањето беше желбата да се освои „Златната топка“, наградата која последните 10 години завршува во рацете на Кристијано Роналдо или Лионел Меси.

„Тешко е да се најде играч кој ќе остане во еден клуб цела кариера. Потребна е мотивација, борба за нови работи. Знам дека Нејмар ја сака ’Златната топка’, така што е фер што во Париз ќе биде прва ѕвезда. Ако заврши добра работа во Лигата на шампионите може и да дојде до целта“, вели Пике.

Scroll to Top