Top Sport

Пике со фантастична порака за ветеранот на Бетис, Хоакин

Реал Бетис стигна до изненадувачка 0:1 победа на „Ноу Камп“ над Барселона во саботата за да го нанесат првиот пораз на Чави Ернандез на клупата на каталонскиот клуб, благодарение на голот на Хуанми, но за шпанските медиуми поинтересна беше приказната на двајцата ветерани кои немаа многу акција.

Жерар Пике влезе во второто полувреме, додека Хоакин не доби шанса да заигра, иако 40-годишната легенда на клубот од Севилја доби нешто многу позначајно – дрес со посвета од својот ривал. Хоакин ќе се пензионира на крајот на сезоната, така што ова му беше последна посета на „Ноу Камп“ како фудбалер, и Пике не заборави на него.

„За мојот пријател Хоакин, ти си еб.н гениј. Честитки на целата кариера“, му напиша Пике на ветеранот, кој потоа се пофали преку социјалните мрежи.

Scroll to Top