Top Sport

Пикфорд би сакал и да изведува пенали за Англија

Џордан Пикфорд, младиот голман на Евертон, кој најверојатно ќе биде првиот избор на англискиот селектор Герет Саутгејт за СП во Русија, вели дека не би му било проблем да изведува пенал ако за тоа има потреба на шампионатот.

Англија нема најдобро искуство при изведувањето на пенали на големите натпреварувања, со многу такви порази, но Пикфорд ги убедува дека би можел и да изведува пенали ако има потреба.

„Ако морам да застанам, ќе шутирам пенал. Не е важно дали ќе го фатиш победничкиот пенал или ќе го постигнеш. На тренинзите секогаш имам програма со шутирање пенали“, изјави Пикфорд за „ЕСПН“.

24-годишниот Англичанец, кој е најскапиот голман во Премиер лигата, признава дека Англичаните тренираат изведување пенали.

„Зад сцените има многу подготовки за тоа како сакаме да изгледа пенал серијата. Има многу добри изведувачи на пенали во тимот и многу е тешко да ги ’прочиташ’“, додава Пикфорд.

Scroll to Top