Голманот на Евертон и фудбалската репрезентација на Англија, Џордан Пикфорд, на новинарите им открил како успева да ги „прочита“ играчите кои му шутираат пенал. Пикфорд има добар процент на одбранети пенали, а на Светското првенство во Русија, беше најзаслужен што Англија во осмина-финалето ја Колумбија.
Англија, вчера во пријателски меч славеше над САД (3:0), а по мечот Пикфорд, кој веќе одбранил три пенали во Премиер лигата од стартот на сезоната, на новинарите им ја открил тајната на успехот.
Имено, на шишето за вода Пикфорд ги пишувал имињата на играчите што се можни изведувачи на најстрогата казна и каде тие најчесто шутираат.
Со ваков „потсетник“, Пикфорд во последните две серии на Светското првенство успеа да ги одбрани ударите на Урибе и Карлос Бака, во четвртата и петтата серија.
Истата тактика ја имал и на мечот со САД, но синоќа тој немаше потреба да го користи „потсетникот“.
Jordan Pickford was ready for any USA penalties tonight ?? #ENGvUSA pic.twitter.com/U1ZOM3LVuz
— talkSPORT (@talkSPORT) November 15, 2018