Top Sport

Пикфорд: Подобар сум од Де Хеа на истите години

Англискиот голман Џордан Пикфорд вели дека е подобар голман од Давид де Хеа во истиот дел од нивните кариери.

Голманот на Евертон и голманот на Манчестер јунајтед ќе бидат стартери за своите репрезентации на Мундијалот во Русија. Де Хеа честопати е оценуван како еден од најдобрите голмани на денешницата со своите перформанси за Манчестер јунајтед, за кои четири пати беше прогласуван за најдобар фудбалер на „Олд Трафорд“. Од друга страна, 24-годишниот Пикфорд, за кој Евертон платија 25 милиони фунти минатото лето вели дека може да се „мери“ со Шпанецот.

„Де Хеа беше неверојатен последните две-три сезони и најверојатно е најдобриот на светот денеска. За мене, ова е само втора сезона во Премиер лигата и мислам дека и на него му беше потребно време да дојде на тоа ниво“, вели Пикфорд.

Сепак, Англичанецот има друг идол на голманската позиција – германскиот ас Мануел Нојер.

„Навистина го почитувам Нојер бидејќи игра на сопствен начин. Мораш да имаш свој стил и да го кренеш нивото“, вели Пикфорд, кој пред само четири години играше во англискиот третолигаш Карлајл.

Фото: ЕПА

Scroll to Top