Top Sport

Пикфорд потпиша нов шестгодишен договор со Евертон

Англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд потпиша нов шестгодишен договор со Евертон со кој ќе остане на „Гудисон парк“ најмалку до 2024 година.

Англичанецот дојде од Сандерленд на почетокот на минатата сезона кога стана најскапиот англиски фудбалер (околу 30 милиони фунти), по што имаше одлична сезона и беше прв избор на селекторот Герет Саутгејт, а квалитетот го покажа во пенал-серијата против Колумбија.

„Кога дојдов во Евертон знаев дека тоа е голем клуб и вистинско место за мојата кариера. Ја добив шансата да бидам прв англиски голман откако секоја недела покажував дека сум солиден голман. Сакам да помогнам во прогресот на мојот клуб“, вели Пикфорд.

Фото: ЕПА

Scroll to Top