Поранешниот српски фудбалски ас, Драган Стојковиќ – Пикси со свое видување за елиминацијата на Србија од Шкотска во бараж финалето во Лигата на нации.
„Пред почетокот на квалификациите за Европско првенство некој да ни смислеше најлесен пат како да се пласираме, мислам дека на никого не би му паднало на памет ништо полесно отколку да ја победиме Шкотска во Белград. Не ми е јасно како одиграа, што направија и дали се свесни каква шанса пропуштија“ вели популарниот Пикси.
Неговото име се споменува како потенцјален наследник на Љубиша Тумбаковиќ на селекторското столче кај „орлите“.
„Ако сега не успеавме да се пласираме, па кога? Го реков тоа пред мечот, а сега ми е жал што бев во право – ние сме медицински феномен кога ова го зезнавме“ – вели екс-фудбалерот.