Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) и легендарниот српски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси конечно ја договорија соработката. Пикси потврдил за српските медиуми дека тој е новиот селектор на Србија, а идниот петок се очекува официјалната промоција.
По неколкумесечната сага со Гвангжу, клубот каде Пикси работеше, тој конечно ќе седне на испразнето столче по отказот за Љубиша Тумбаковиќ.
Очекувањата се годишната плата на Пикси како селектор на Србија да е меѓу 600.000 и милион евра.
Интересно е тоа што ФСС на негогашниот капитен на репрезентацијата му дала долгорочна доверба без оглед на резултатите во борбата за СП во Катар.
Стојковиќ ветил дека Србија ќе избори пласман на планетарниот собир во конкуренција на Португалија, Ирска, Азербејџан и Луксембург.