Драган Стојковиќ Пикси верува дека репрезентацијата на Србија лесно ќе избори пласман на Европското првенство. Србија во клучниот натпревар на 12 ноември ќе ја пречека Шкотска.
Србија во претходната рунда во Осло ја совлада Норвешка (2:1), додека Шкотска по изведувањето на пенали го елиминира Израел.
„Не сме играле на ЕП од 2000 година. Тоа е премногу за нашата држава“, рекол Пикси за „Дијли рекорд“.
„Верувам дека имаме многу технички исклучително добри фудбалери. Заслужуваме да бидеме во друштвото на најдобрите. Против Норвешка бевме тактички сигурни, игравме на високо ниво. Можевме, не требаша да победиме со пет гола разлика. Доминиравме од почетокот против екипа за која говореа дека лесно ќе не победи“.
Пикси смета дека Србија лесно ќе ја победи Шкотска во клучниот натпревар за пласман на ЕП.
„Знaм дека за Шкотска ќе бидеме добро подготвени, дека ќе им ја добијат нашата почит. Но да бидеме искрени подобри сме од нив и тоа ќе го покажеме на теренот. Доколку играме како во Осло ќе ги ‘масакрираме’. Најважно е навивачите да бидат задоволни и да се пласираме на ЕП“.