Top Sport

Пинзољо: Кристијано на тренинг ги погодува сите слободни удари!

Лошот скор на Кристијано Роналдо од слободни удари на Јувентус (еден гол од 72 обиди) е само „лоша среќа“, бидејќи тој на тренинзи секогаш погодува, вели третиот голман на „бјанконерите“, Карло Пинзољо.

ЦР7 беше фантастичен од слободни удари за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и португалската репрезентација, но во Јуве навистина не му оди, со дури 71 промашен обид. Пинзољо го брани соиграчот.

„Кристијано секогаш тренира слободни удари на тренинг и секогаш погодува. Не знам зошто не може да го направи тоа на мечевите, можеби е лоша среќа. Склопив прекрасно пријателство со него и соиграчите на шега велат дека тој ќе ме земе со него и Португалија на Европското првенство. Знам дека сите мислат дека тој е голема ѕвезда и дека така се однесува, но тој е прилично едноставен човек. Тивок, сака да се шегува, сака да се смее“, вели Пинзољо за „Тутоспорт“.

Scroll to Top