Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, конечно, ја оствари својата животна цел, освојувајќи го скудетото со „росонерите“, тим кој не беше фаворизиран пред стартот на сезоната и го овековечи тоа со тетоважа на својата лева рака.
Навивачите на Милан на социјалните мрежи ја објавија фотографијата со италијанскиот „штит“ и со бројот 19, кој го претставува бројот на титули на клубот од Милано. Ова беше прва титула во неговата долга тренерска кариера.