Top Sport

Пиоли: На Милан не му се потребни многу засилувања

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека Златан Ибрахимовиќ е „репер“ за сите млади фудбалери о неговиот тим и додава дека на „росонерите“ не им се потребни многу засилувања во летниот преоден рок, иако фановите на „Диаволо“ очекуваат многу повеќе од шестото место кое го освоија минатата сезона.

„Златан е голем професионалец и ги учи младите фудбалери. Тој е вистински репер за сите негови соиграчи и го почитува тоа. Неговата тајна е желбата за победи и за подобрување. Ова лето не ни се потребни многу засилувања, но се потребни на вистинските места. Имам целосна доверба во клубот, во директорот Иван Газидис, но и во Паоло Малдини и Фредерик Масара. Очекувам многу подобра сезона“, вели Пиоли.

По релативно добрите резултати по рестартот на Серија А ова лето, Пиоли доби нов договор до 2022 година, и покрај шпекулациите дека првите луѓе на Милан сакаа да го донесат Ралф Рангник од РБ Лајпциг во тимот во позиција на „англиски менаџер“.

Scroll to Top