Стефано Пиоли вели дека неговиот Милан покажал „недостаток на квалитет“ и дека сите додавања за Златан Ибрахимовиќ биле „погрешни“ при уште едно разочарувачко 0:0 реми со Сампдорија.
Во игра која не беше многу подобра од последниот меч, кога загубија со 5:0 од Аталанта, „росонерите“ не успеаја да остварат вистински шанси пред голот на гостите.
„Сакавме да почнеме со победа, но ова е разочарувачки. Доминиравме во играта, но ни недостасуваше квалитет, а кога немаш техничка прецизност во додавањата, не можеш да направиш ништо повеќе. Мораме да очекуваме повеќе од фудбалери на Милан, бидејќи со 70 отсто прецизност на додавањата никој не е задоволен. Златан имаше позитивно придвижување на тимот, донесе карактер и присуство на теренот, но тие не се навикнати да му додаваат топки на вистински начин. Мораме да се запознаеме и да знаеме што ни е потребно“, вели Пиоли.
Хет-трикот на Роналдо го фрли во сенка дебито на Златан за Милан (кои пак не победија) (видео)