Top Sport

Пиоли: Ова не може да биде вистинскиот Милан

Стефано Пиоли признава дека Милан од почетокот биле „погрешни“ при 5:0 катастрофата од Аталанта, но додава дека очекувал реакција во второто полувреме, но неговиот тим бил „уште полош“.

„Го почнавме мечот погрешно против најлошиот можен противник. Јасно, ова не може да биде вистинскиот Милан, бидејќи покажавме силни мечеви во последно време. Мора да ја прифатиме вината и да признаеме дека направивме грешки. Пријдовме погрешно на мечот и потоа беше тешко да се опоравиме. Аталанта е еден од најдобрите тимови во Италија и во Европа кога се работи за интензитетот и агресијата. Ова беше потпросечен меч за нас и не можевме да реагираме на време“, вели Пиоли за „ДАЗН“, откако во првите 10 меча на клупата на Милан има само три победи.

Дали сега, Златан Ибрахимовиќ е решение за Милан?

„Тоа е прашање за сопствениците на клубот. Луѓето зборуваат за Ибрахимовиќ повеќе од еден месец. Јас веќе кажав дека е тој шампион и ќе донесе посебен дух во тимот“, вели Пиоли.

Ломбардиска катастрофа на Милан – Аталанта ги понижи во Бергамо (видео)

Scroll to Top