Top Sport

Пиоли призна: Крајно време беше Милан да победи еден голем клуб

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека е презадоволен од 2:0 победата над Рома, бидејќи „росонерите“ долго време чекале за победа над еден од големите клубови во Серија А.

Ова е втора победа на Милан во низа по 4:1 победата на гости кај Лече, но уште позначајно ова е прв триумф оваа сезона против тим кој е во топ 6 во Серија А.

„Беше многу жешко и незамисливо да се игра интензивно 90 минути. Заслужено победивме, бидејќи работевме како тим и помина многу време од победа над еден од големите клубови. Во тие мечеви секогаш ни недостасуваше само резултат, но не и перформанси, бидејќи бевме слаби само против Аталанта. Затоа оваа победа е за кревање на самодовербата“, вели Пиоли.

Анте Ребиќ повторно импресионираше со својот осми гол во девет меча, но Пиоли вели дека може да биде и подобар.

„Анте може да биде многу подобар, бидејќи не е само физички силен, туку има и фантастична техника. Мислам дека треба време да се навикне да игра како централен напаѓач“, вели Пиоли.

Кој ако не Ребиќ – упорноста се исплатеше за победа над Рома (видео)

Scroll to Top