Top Sport

Пиоли тврдеше дека Милан се бори за титула, сега вели дека новинарите го измислиле тоа

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека „росонерите“ не помислувале на скудетото оваа сезона, иако пред помалку од еден месец зборуваше дека се подготвени да се борат за италијанската титула.

Пред саботниот меч со Парма, Пиоли беше запрашан дали е разочаран по 1:1 ремито со Сампдорија по кое Интер ја зголеми предноста на врвот на табелата на 11 поени.

„Вие зборувавте за скудетото, ветерот ги однесе зборовите! Главна цел на клубот е Лигата на шампионите и ќе продолжиме да работиме тоа“, вели Поли.

По 3:2 победата над Фиорентина пред интернационалната пауза, Пиоли тврдеше дека тие се во борба заз скудетото.

„Не сме толку далеку и мораме да одиме на победа во секој меч. Дали ќе успееме да стигнеме до скудетото е нешто друго, но мораме да се обидеме“, изјави тогаш тренерот.

Scroll to Top