Top Sport

Пиоли: Златан е истиот како и секогаш, подготвен за дербито со Интер

Златан Ибрахимовиќ е опоравен од корона вирусот и иако има само една недела тренинзи со тимот, ќе биде подготвен да игра во „Дерби дела Мадонина“ против Интер, вели тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Ибрахимовиќ имаше позитивен тест на 24 септември, три дена откако постигна два гола против Болоња за 3:0 победа. Оваа недела тој се врати на тренинзи по два негативни тестови откако пропушти четири меча.

„Го најдов Златан насмеан, позитивен и посветен на работата, како и секогаш. Тренираше само една недела, но се чувствува добро. Подготвен е да игра, ќе видиме колку минути“, вели Пиоли.

Милан има три победи на стартот на сезоната и се обидува да стигне до старт со четири победи првпат од 1995 под Фабио Капело. Покрај тоа, Милан нема пораз од март, низа од фантастични 19 натпревари, и се клуб кој има втор број на победи во 2020 – Аталанта (56), Милан (54), Интер (47).

„Очекувам спектакуларен меч. Ќе играме против тим кој има систем со фудбалери на прецизни позиции на теренот. Тие се многу силен противник, но имаат и слабости. Ќе биде тешко, но и возбудливо“, вели Пиоли, кој во својата тренерска кариера беше тренер и на Интер.

Scroll to Top