Поранешниот напаѓач на Милан, Филипо Инзаги вели дека финалето од ЛШ во 2007 против Ливерпул е „најдобриот меч во неговиот живот“, во славниот реванш по неверојатниот пораз две години претходно.
Популарниот Пипо постигна два гола во тоа финале во 2007 во Атина за 2:1 победа, откако две години претходно Милан имаше 3:0 водство на полувреме во Истанбул, пред да одигра 3:3 и да загуби на пенали.
„Се надевам дека ќе бидам на ‘Сан Сиро’ кога ќе дојде Ливерпул, бидејќи тој меч од 2007 беше незаборавен. Најдобриот во мојот живот. Најголемото задоволство е да се види Милан повторно во Лигата на шампионите, благодарение на работата на тренерот Стефано Пиоли и спортскиот директор Паоло Малдини“, вели Инзаги.