Top Sport

Пипо признава дека ќе му е тешко: Сите знаат колку го сакам Милан

Филипо Пипо Инзаги признава дека утрешната пресметка на неговиот Беневенто со стариот клуб Милан ќе биде емотивен за него, посебно ако се знае дека тој е легенда на „росонерите“.

„Малку наликува на мечевите против Лацио, кога бев против мојот брат Симоне. Тоа е тешко на човечко ниво, на емотивно ниво и тешко се објаснува. Сите знаат колку го сакам Милан и мислам дека чувството е взаемно со фановите на ‘росонерите’. Но, овојпат, ќе мора да бидеме ривали 90 минути, по што ќе можам да се вратам и да бидам прв фан на Милан. Им кажав на моите фудбалери да уживаат во ваквите шанси, бидејќи пред една година бевме во Серија Б, а сега играме со лидерите во Серија А, желни за нов успех по освоениот поен кај Лацио и Јувентус“, вели Инзаги.

 

Scroll to Top