Поранешната ѕвезда на Арсенал, Роберт Пирес ги именуваше Рио Фердинанд од Манчестер јунајтед и Џон Тери од Челси како најтешки противници кои ги имал во текот на неговата кариера.
Французинот освои две титули од Премиер лигата и два ФА купа со „топчиите“ од 2000 до 2006 година, а се врати во Премиер лигата со Астон вила во 2010/11. Запрашан кои беа најтешките противници во англискиот фудбал за него, тој ги именуваше двајцата англиски бекови.
„Во Премиер лигата, тоа сигурно беа Џон Тери и Рио Фердинанд. Мечевите против Челси и Манчестер јунајтед беа секогаш многу тешки, а Тери и Фердинанд секогаш беа тешки физички невозможни противници. Кога ќе дојдеш од Франција да играш во Англија е многу, многу тешко на почеток. Арсен Венгер веднаш ми кажа: ’Не е истиот фудбал, многу е потешко физички и мораш да научиш’. Првиот меч ми беше против Сандерленд. Се сеќавам дека седев на клупата и по 20-25 минути си помислив: ’Овој фудбал не е за мене’“, вели Пирес.
Пирес ја започна кариерата во Мец во 1993 година, а по шест сезони замина во Марсеј во 1998, пред во 2000 да пристигне во Арсенал. По шест години, тој играше четири години во Ла лига со Вилјареал, пред да ја заврши кариерата во Астон вила. Покрај тоа, тој имаше и 79 настапи за Франција, освојувајќи го Светското првенство во 1998 и Европското првенство во 2000.