Top Sport

Пирло е пресреќен што го има Роналдо во тимот

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, никогаш не замислувал дека еден ден во својот тим ќе го има Кристијано Роналдо. Пирло, на 8 август беше промовиран во нов тренер на „страта дама“, со Јувентус потпиша две годишен договор.

Како е да се работи со Кристијано Роналдо тој открил во интервју за интернет-страницата на УЕФА.

„Никогаш не можев да си замислам дека ќе му бидам тренер. Секако дека сум среќен што имам таков фудбалер во својот тим, што можам да го гледам како тренира и игра. За мене и за целиот тим тоа е големо задоволство“, рекол Пирло.

„Со 35 години тој тренира како момче, ја има истата страст, ја има истата желба за докажување“.

За потсетување, Роналдо е во карантин откако се зарази со коронавирусот на подготовките на националниот тим. Тој не играше за Португалија притив Шведска, го пропушти дуелот на Јувентус во саботата против Кротоне, а нема да биде во комбинација и за утрешниот натпревар во Лигата на шампионите.

Јувентус во првото коло ќе гостува кај Динамо Киев, натпреварот ќе започне во 18.55 часот.

Scroll to Top