Top Sport

Пирло: Многу е постресно да си тренер отколку фудбалер

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло признава дека е многу повеќе стресно да се биде тренер отколку фудбалер, и додава дека „обожава“ што во својот тим има фудбалер како Кристијано Роналдо.

Пирло ја започна тренерската кариера со 3:0 победа против Сампдорија, но во второто коло Рома ги заддржа за 2:2 реми.

„Во годините откако престанав да играм, почнав да учам. И сфатив дека страста за тренерската работа почна да расте, така што тоа беше нормално. Имав среќа да работам со големи тренери, почнувајќи од Марчело Луческу во Бреша, тој беше вистински маестро. Потоа следуваа Марчело Липи, Карло Анчелоти, Антонио Конте и Макс Алегри. Врвни тренери од кои научив многу. Гвардиола, кој ми беше соиграч во Бреша, е пример за сите нас по патот кој го имаше. Тој им покажа на младите тренери кои сакаат да промовираат напаѓачки фудбал се добредојдени во спортот“, изјави Пирло во интервју за УЕФА.

Тој додаде дека има огромна разлика од водење на цел тим, од контролата на топката на теренот.

„Дефинитивно е постресно бидејќи кога бев на теренот, јас одлучував што сакам да направам со топката. Од страна можам да предводам, но други луѓе ја интерпретираат својата улога, ги играат мечевите и затоа е потешко“, објаснува Италијанецот.

Пирло остана зачуден од 35-годишниот Кристијано Роналдо кој покажал „младешка страст“ за фудбалот.

„Среќен сум што во тимот ја имам таа икона на модерниот фудбал, што го гледам секој ден, што можам да го насочувам. Тоа ми носи големо задоволство мене, но и на целиот тим. Работи сега на 35 години како кога беше млад, со иста страст за фудбалот. Тоа треба да биде пример за сите“, завршува Пирло.

Scroll to Top