Top Sport

Пирло на крајот може да заврши во Сасуоло!

Спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневали потврдува дека прават проценка да го донесат Андреа Пирло како замена за Роберто де Ѕерби, кој замина во Шатхјор Доњецк, откако се очекува да се официјализира отказот на Пирло во Јувентус, каде што би бил заменет од Макс Алегри.

Италијанските медиуми тврдат дека Алегри ги одбил Реал Мадрид и ќе се врати во Јуве две години по отказот, по што Пирло ќе биде слободен да побара нова работа, со Сасуоло како прв фаворит.

„Да се избере нов тренер секогаш е компликувана работа. Пирло е млад и талентиран тренер, но разгледуваме и други опции. Мислам дека во следните неколку дена ќе биде појасно“, изјави Карневали за весникот „Ил соле 24 оре“.

Според „Калчомеркато“, Сасуоло му нудат на Пирло двегодишен договор, а можно е и Јуве да му плаќаат дел од платата за да го раскинат договорот со него.

Scroll to Top