Top Sport

Пирло: Не се брзаме за Џеко, Луис Суарез не доаѓа во Јуве

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло вели дека тие не се брзаат околу трансферот на Един Џеко од Рома, но потврди дека Луис Суарез нема да биде нивни напаѓач и покрај сите шпекулации.

„Бјанконерите“ се надеваа дека ќе го добијат Џеко досега, но одложениот трансфер на Аркадијуш Милик од Наполи во Рома, го оддолжи доаѓањето на босанскиот напаѓач.

„Сите чекаме за нов напаѓач, но има уште доста од преодниот рок и секој тим се соочува со слични проблеми. Не се брзаме. Луис Суарез? Процедурата за добивање италијански пасош е предолга, така што тој нема да биде напаѓач на Јувентус“, вели Пирло на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Сампдорија.

Гонзало Игуаин и Блез Матуиди веќе се приклучија на Интер Мајами по предвременото поништување на нивните договори, а се верува дека и Сами Кедира е следниот.

„Игуаин ни кажа дека сака да оди, така што лесно стигнавме до договор. Кедира пак, уште не е целосно опоравен од повредата, така што кога ќе биде достапен ќе видиме што ќе се случи“, додава Пирло.

Scroll to Top