Андреа Пирло признава дека Јувентус одиграле „ужасно“ прво полувреме при 1:1 ремито со Фиорентина бидејќи неговиот „експерименте“ не успеал, и додава дека ниту тој, ниту фудбалерите, а секако ниту фановите не можат да се задоволни од сезоната на Јувентус.
„Првото полувреме беше ужасно, требаше да почнеме поинаку бидејќи ова беше клучен меч за место во Лигата на шампионите, но бевме премногу спори, и секогаш стигнувавме подоцна до топката. 3-5-2 формацијата со Дибала и Роналдо, не функционираше. Второто беше подобро, но не доволно добро“, признава Пирло.
Тој овојпат не беше запрашан за иднината на клупата на Јуве, туку колку еволуирал во првата сезона како тренер.
„Првичните очекувања за мене и за тимот беа многу поинакви и мислам дека работите не функционираа како што посакувавме. Учите со секој нареден натпревар, но не сум задоволен, и не верувам дека никој во клубот не е задоволен“, додава тренерот.