Италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло вели дека Филип Кутињо вреди 160 милиони евра, посочувајќи ја сумата за која Ливерпул претходно го купи Виргил ван Дајк.
Новиот соиграч на Кутињо во Барселона, Иван Ракитиќ изјави дека е пресреќен што ќе игра со Бразилецот, но посочи дека „сумата е малку превисока“ за било кој играч. Легендата на Милан, Јувентус и италијанската репрезентација, Пирло не се согласува со тоа, велејќи дека Ливерпул потроши 80 милиони евра за дефанзивецот Ван Дајк од Саутемптон.
„Покрај другите луди цени, висината на трансферот на Кутињо е во линија на сегашните цени. Ако Ван Дајк вреди 80 милиони, тогаш Кутињо вреди двојно. Тоа е сосема фер-цена“, вели Пирло.
25-годишниот Кутињо одигра 152 натпревари во Премиер лигата за Ливерпул, постигнувајќи 41 голови и 35 асистенции.