Top Sport

Пјаниќ доби херојски пречек во Истанбул

Миралем Пјаниќ доби херојски пречек во Истанбул, каде што оваа сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во Бешикташ, откако денеска тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека за него нема место во тимот бидејќи има „подобри играчи“ од репрезентативецот на БиХ.

Пјаниќ посакуваше враќање во Јувентус, каде што барем имаше постојана игра, но по репрезентативните настапи со БиХ, тој пристигна во турската метропола, каде што навивачите на Бешикташ го скандираа неговото име.

Пјаниќ почнува со тренинзи веднаш, а може да дебитира веќе во сабота против Малатијаспор, пред настапите во ЛШ, каде што Бешикташ е во група со Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон и Ајакс.

Scroll to Top