Миралем Пјаниќ ќе го напушти Јувентус само доколку постои можност кариерата да ја продолжи во Барселона, пишуваат шпанските медуми.
Неколку денови медиумите шпекулираат дека Барселона и ПСЖ испратиле понуди за репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Наводно Барселона веќе ги договорила личните услови со фудбалерот, а за да биде реализиран трансферот Артур Мело треба да се согласи да се пресели во Торино.
Според шпанските медиуми Пјаниќ го известил спортскиот директор на ПСЖ Леонардо дека решил кариерата да ја продолжи во Барселона.
Пјаниќ во април наполни 30 години, неговиот договор со Јувентус истекува во 2023 година. Во тековната сезоната одиграл 32 натпревари, постигнал три гола и забележал четири асистенции.