Top Sport

Пјаниќ: Имам уште три години од договорот, останувам во Барселона!

По синоќешното реми на БиХ во Стразбур против фаворитот Франција, босанските фудбалери денеска се во татковината и се подготвуваат за следните квалификациски предизвици.

Еден од јунаците кои и земаа бод на силната Франција, играчот на Барселона, Миралем Пјаниќ ја искористи можноста пред новинарите да соопшти каде ќе ја продолжи кариерата.

„Важен бод за нас, многу ќе ни значи во овие квалификации. На сите ни е многу драго за играта синоќа. Што се однесува до Барселона, јас сум под договор уште 3 години таму и секако дека ќе останам во Барселона“ рече Пјаниќ.

Scroll to Top