Миралем Пјаниќ ќе остане во Јувентус и покрај тоа што во овој преоден рок интересот за него не го кријат неколку големи европски тимови.
Англиските медиуми шпекулираат дека Челси испратил богата понуда за Пјаниќ, меѓутоа работата им ја расипал трансферот на Кристијано Роналдо.
Доаѓањето на Роналдо јасно ги отсликува амбициите на Јувентус, односно желбата да се освои Лигата на шампионите, а Пјаниќ сака да биде дел од тимот.
Италијаните шпекулираат дека Пјаниќ во наредните денови ќе го продолжи договорот со Јувентус.