Миралем Пјаниќ ги демантираше шпекулациите дека во јануари ќе се пресели во Џенова на Андриј Шевченко и Горан Пандев, велејќи дека е среќен во Бешикташ и дека планира да остане таму до крајот на сезоната.
31-годишниот репрезентативец на БиХ ја заврши несреќната епизода во Барселона во септември, кога замина во Бешикташ. Џенова, пак, под нови американски сопственици ќе се обиде да биде активна во јануарскиот преоден рок за да се спаси клубот од испаѓање. Пјаниќ има огромно искуство во Серија А – со Рома од 2011 до 2016 и со Јувентус од 2016 до 2020, но сега е среќен во Турција.
„Среќен сум во Бешикташ и сакам да играм барем до крајот на сезоната таму. Не играв многу во последно време, но тоа беше поради повредите“, вели Пјаниќ.
#Pjanic allontana il #Genoa: "Sto bene al Besiktas"? https://t.co/iwm44QkB4q
— Tuttosport (@tuttosport) December 23, 2021