Фудбалерот на Јувентус, босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ тешко го поднесе поразот од 0-3 од Италија.
Селекцијата на БиХ предводена од Роберт Просинечки ги изгуби сите шанси за пласман преку квалификациите на следното Европско првенство. Сепак останува уште можноста, преку баражот во Лигата на нации.
„Секако не ги заслужуваме првите две места во групата и заминување на ЕУРО 2020 преку квалификации. Игравме против сјајна Италија и по првиот примен гол, тешко беше да се вратиме оти тие го конторлираа мечот“ рече Пјаниќ за италијанските новинари.
Играчот од средниот ред на Јуве играта ја напушти во 77 минута поради повреда.
„Се надевам дека не е ништо сериозно, го носам овој проблем подолго време. Ќе видиме во текот на следните денови, но се надевам дека на време престанав да игра и се ќе биде добро“ – рече Пјаниќ.
Италија во групата Ј води на табелата со 27 бода, пред Финска со 18, Грција со 11, а БиХ и Ерменија имаат по 10.