Босна и Херцеговина остана без шанси за пласман на ЕУРО 2020 откако синоќа загуби во Грција 2:1. Пласман на континенталното првенство репрезентативците на БиХ че се обидат да изборат преку плејофот во Лигата на нации.
Избраниците на селекторот Роберт Просинечки, одиграле уште еден лош натпревар на гостински терен.
„Не сме зрела екипа. Реално, ние сме просечна репрезентација. Не можеме да се бориме за првото место. Другите репрезентации се зрели и подготвени, што не е случај со нас. Секој паметен човек што го разбира фудбалот ќе забележи дека не сме зрели. Во гости не одигравме добро ниту еден натпревар, исклучок е дуелот во Италија. Мораме во преостанатите две кола да освоиме барем три бода за да бидеме трети во групата“, рекол играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ.
БиХ во последните две кола ќе играат против Италија и Лехтенштајн.