Top Sport

Пјаниќ по дебито за Бешикташ: Овој тим е подготвен за ЛШ!

Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ по дебито за новиот клуб Бешикташ во кое запиша асистенција во победата над Јени Малатијаспор рече дека „црно-белите“ од Истанбул се подготвени за предизвиците во ЛШ.

„Среќен сум и возбуден и се чувствувам убаво поради поддршката која ми ја даваат соиграчите. Неверојатно е да се биде во Турција, во Истанбул, со овие неверојатни навивачи. Не очекувавме дека ќе биде лесно (победија со 3:0), ама сами си олеснивме. ЛШ е веќе друго ниво, но можам да речам дека Бешикташ има се што е потребно за такви натпревари“ рече Пјаниќ.

Тој истакна дека штом излегол на терен гледал во навивачите, не го следел натпреварот.

„Ми покажуваат голема љубов, таа љубов сакам да им ја возвратам“ – вели фудбалерот кој во Истанбул е на позајмица од Барселона.

Scroll to Top