Кшиштоф Пјатек е една од фудбалските сензации во првите месеци од Серија А, и полскиот напаѓач на Џенова вели дека има едноставен рецепт за успех – видео-играта „ФИФА“.
Полјакот дојде во Италија од Краковија и е лидер по бројот на голови оваа сезона, со 9 гола во 12 меча, според него, благодарение на базата на играчи на видео-играта „ФИФА“ бидејќи не ги познавал своите соиграчи кога пристигнал во Џенова.
„Немав поим кои ми се соиграчите во Џенова кога потпишав и затоа го вклучив ’Плејстешјнот’ и ги погледнав на ’ФИФА’. Ниту еден од соиграчите не ме знаеше мене. Си кажав: ’Ако не знаат дека постигнав 21 голови во речиси секој натпревар лани, можеби и дефанзивците нема да ме знаат’. Тоа што бев анонимен ми даде предност“, вели Пјатек.
Откако дојде во Џенова за само 4.5 милиони фунти, 23-годишниот Полјак признава дека е можно наскоро да оди во друг тим.
„Ако продолжам вака, можеби и за мене ќе дојде голем клуб. Главната цел е да играм во Лигата на шампионите“, признава Пјатек.