Top Sport

Пјатек веднаш покажа колку ќе вреди за Милан (видео)

Новото засилување на Милан, Кшиштоф Пјатек веднаш ја покажа својата вредност и својата умешност како голгетер, откако во 10. минута од осминафиналето од Копа Италија, постигна гол против Наполи!

Пјатек доби фантастична топка од Диего Лаксалт, за со совршена контрола да го совлада Алекс Мерет. Фановите на „росонерите“ не можеа да посакаат подобар старт.

Во 27. минута, Полјакот повторно беше прецизен, овојпат со уште поубав гол, носејќи 2:0 предност на полувреме.

Scroll to Top