Новата аквизиција на Милан, Полјакот Кшиштоф Пјонтек, во новиот клуб ќе го носи на грбот бројот 19. Пјонтек ја барал но не ја добил деветката.
Спортскиот дирекотoр на Милан, Леонардо, рекол дека деветката треба да ја заслужи со игрите на теренот.
Последен кој со успех го носеше овој број во Милан беше легендарниот Филипо Пипо Инзаги во 2012 година. Веќе седум години ниту еден играч не се прослави како „деветка“ на Милан, а последен таков пример е Гонзало Игуаин.
„Не е чудно што Пјонтек нема да ја носи ‘деветката’. Клубот донесе таква одлука. Кшиштов го бараше тој број но ние мислиме дека треба да го заслужи. Тоа е важен број, поради тоа Кшиштоф одбра да ја носи 19. Да нема забуна сите знаеме дека на теренот тој е права деветка“, рекол Леонардо.
Пјонтек во Италија, во Џенова, пристигна од Краковија. На 21 натпревар во дресот на Џенова постигна 19 гола.