Top Sport

Пјонтек ќе си оди ако Милан идната сезона не игра во ЛШ?!

Полскиот фудбалски напаѓач, Кшиштоф Пјонтек дојде како големо засилување за Милан во зимскиот преоден рок, но доколку екипата на Џенаро Гатузо не обезбеди учество во Лигата на шампиони во наредната сезона, тој ќе го напушти клубот, јавуваат дел од италијанските медиуми.

Пјонтек во Милан стигна за 35 милиони евра и од јануари до сега постигна 8 гола. 23-годишниот напаѓач е проценет на околу 50 милиони евра, Милан би можел на него да заработи, но барем засега сето тоа е во доменот на теоријата.

Иако Аталанта има најголеми шанси за посакуваното четврто место на табелата во Серија А кое води во ЛШ, сепак и Милан со синоќешната победа од 2-1 против Болоња се уште е во игра.

Scroll to Top