Полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек по четврти пат ќе се врати во Серија А, откако ќе биде позајмен од Херта Берлин во Салернитана, тврдат „Ла газета дело спорт“ и „Скај спорт Италија“.
Салернитана ќе има опција на крајот на сезоната да го откупи договорот на Пјонтек, а Херта ќе плаќа дел од платата на напаѓачот.
Пјонтек веќе играше во Италија во Џенова, Милан и Фиорентина. Вториот дел од минатата сезона тој ја помина во Фиорентина како позајмен играч, постигнувајќи 6 гола во 18 настапи.