Top Sport

Планот на Реал за трансфеорт на Мбапе

Реал Мадрид има пеколен план поврзан со трансферот на Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ одби да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2022 година, што значи дека претстојниот преоден рок е последен, во кој „светците“ ќе можат да заработат од продажбата на Мбапе.

Шпекулациите се дека ПСЖ, за Мабпе, ќе бараат помеѓу 160 и 180 милиони евра. Реал се заинтересирани но не можат да ја платата таа сума.

Планот на Флорентино Перез е да понуди пари и двајца фудбалери за Мбапе.

Наводно Реал биле во Париз би ги испратиле Рафаел Варан и Винисисус Жуниор. Варан, исто како и Мбапе, одбил да го продолжи договор со Реал и се подгтвува да го нашушри „Сантијаго Бернабеу“. Прашање е само дали Варан сака да се пресели во Париз, во ситуација кога интерес за него покажуваат клубови од Премиер лигата.

 Големо прашање и дали Винисиус би се согласил да го напушти Мадрид. Талентираниот крилен напаѓа ја игра најдобрата сезона во дресот на Реал. Тој и минатата сезона требаше да биде дел од трансфер-плановите на Реал. Тогаш, Бразилецот одби да замине.

Scroll to Top