Top Sport

Плановите на Пирло до крајот на преодниот рок

Андреа Пирло и Јувентус ги чека многу работа до крајот на преодниот рок. Планот е клубот да се ослободи од тројца играчи за да може на нивните места да донесе фудбалери за кои Пирло смета дека совршено ќе се вклопат во неговата визија.

Сами Кедира се подготвува да го напушти клубот, но никако не успева да се договори околу обесштетувањето. Поранешниот германски репрезентативец бара клубот да му ја исплати последната година од договорот (6.000.000 евра), додека Јувентус биле подготвени да платат половина од сумата.

Даглас Коста исто така го нема во плановите на пирло. Јувентус се подготвени да го продадат за 30.000.000 евра меѓутоа никој не е подготвен да ги издвои тие пари. Исклучок е Вулверхемптон меѓутоа Бразилецот не сакал преселба во овој тим.

Доколку Даглас Коста го напушти Јувентус, клубот веднаш ќе се обиде да го донесе Федерико Киеза од Фиорентина. Крилниот напаѓач има откупна клаузула од 70.000.000 евра.

Прашање е каква понуда ќе прифатат во Фиорентина, дали ќе ги бараат веднаш сите пари или клубовите ќе договорат позајмица со обврска „страта дама“ да го откупи договорот по завршувањето на сезоната.

Клубот треба да го напушти и Матија Де Шиљо, доколку се случи тоа во Јувентус ќе дојде Емерсон Палмиери од Челси.

Јувентус во преодниот рок се засили со Артур, Лаваро Мората и Мекени, а клубот го напуштија Пјаниќ, Емре Џан, Матуиди, Игуаин, Пјаца, Мураторе, Ромеро и Стопа.

Scroll to Top