Тотенхем покажале сериозен интерес во преодениот рок да го вратат Герет Бејл тврди „Тајмс“. Сепак клубот од Лондон не можел да ги исполни финансиските барања на Велшанецот.
Бејл сакал да се врати во Тотенхем, но не сакал да се откаже од платата што ја има во Реал Мадрид.
Велшанецот во Мадрид неделно заработува околу 600.000 евра, сума која Тотенхем не можеле да си ја дозволат.
Играл или не Бејл до јуни 2022 година ќе биде еден од најплатените светски фудбалери.
Реал на Тотенхем им платија 100 милиони евра за трансферот на Бејл.