Top Sport

Платини: Ќе се вратам по казната која ми ја дадоа мороните

Поранешниот претседател на УЕФА, Французинот Мишел Платини планира да се врати во светот на фудбалот по крајот на суспензијата, која според него му ја дадоа „морони“.

Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер беа под истрага за корупција за доделувањето на СП во 2022 на Катар, и беше оценето дека двајцата го прекршиле етичкиот код и им беше доделена осумгодишна суспензија. Подоцна, апелациониот комитет ја намали казната на шест години, додека Платини доби дополнително намалување на четири години по тужбата до Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Платини постојано тврди дека е невин и дека бил жртва на заговор да го спречат да стане претседател на ФИФА.

„Ќе се вратам. Не знам каде, не знам како, но кога ќе заврши оваа суспензија која ми ја дадоа морони ќе се вратам. Јас бев жртва на заговор, апсолутно, помеѓу луѓето во ФИФА и луѓето од Швајцарија. Постоеше согласност да ме тргнат. Не, не велам дека државата Швајцарија правеше заговор, но заговор имаше. Инфантино? Тој не сака да се вратам“, вели Платини.

Scroll to Top