Top Sport

ПМФЛ: Вардар ја победи Академијата

Вардар гостуваше во Струмица во рамките на 17.коло во Првата македонска фудбалска лига и забележа победа 2:0 над Академија Пандев. Во ова коло победи запишаа и Победа, однсоно Силекс, а по бод освоија Пелистер и Шкупи.

Актуелниот првак со по еден гол во финишит на двете полувремиња победнички го заврши гостувањето во Струмица кај Академија Пандев. На истекот од првиот дел во првата минута од судиското надополнување предност на „црвено-црните“ има донесе рускиот напаѓач Максимов. Конечниот резултат го постави Стојков во 88.минута. За 34-34 годишниот напаѓач ова беше прв настап по 22.октомври и поразот на Вардар во Прилеп.

Победа гостуваше кај „фенерџијата“ Скопје постигна еден гол и ги освои трите бода. Гешоски од пенал во деветтата минута беше единствениот стрелец.

Работнички во Кратово водеше по првиот дел со голот на Стјепановиќ во седмата минута, но Силекс во вториот дел успеа да направи пресврт преку Ѓорѓевиќ во 47. и Стојчевски во 63.минута.

Победник немаше во Битола, каде Пелистер го пречека Шкупи. Пелистер водеше по првиот дел со 2:0, со головите на Маркоски и Фереира Кардосо. Предноста од два гола домаќинот ја имаше до 80.минута, кога Љамчевски постигна автогол, а шест минути подоцна Мухарем Сухејљ го постави конечниот резултат.

Резултати, 17.коло:

Скопје-Победа 0:1
Академија Пандев-Вардар 0:2
Пелистер-Шкупи 2:2
Силекс-Работнички 2:1

сабота, 25.ноември

Ренова-Шкендија 1:6

Табела: 1.Шкендија 43 бода, 2. Вардар 32 (-2), 3. Академија Пандев 25 (-1), 4. Силекс 28, 5. Работнички 20 (-1), 6. Шкупи 20, 7. Победа 18, 8. Ренова 17, 9. Пелистер 16, 10. Скопје 10.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top