Top Sport

По 1.000 фанови на мечевите од Серија А во Емилија-Ромања

Серија А потврди дека ќе биде дозволен влез на до 1.000 гледачи на два меча од првото коло во италијанскиот шампионат, односно на Парма-Наполи и Сасуоло-Каљари, откако претседателот на регионот Емилија-Ромања дозволи постепено опуштање на протоколите поради пандемијата на КОВИД-19.

Мечевите во Италија се играа без публика откако беше прогласена глобална пандемија во март, а оваа зеја беше една од најпогодените. Болоња исто така ќе може да прифати мал број на гледачи на својот „Ренато дал’Ара“, но од следното коло, бидејќи во првото гостуваат на Милан во понеделник.

Покрај ова, на Формула 1 трката во Имола во истата покраина на 1 ноември ќе биде дозволно да присуствуваат 13.147 навивачи.

Scroll to Top