Top Sport

По 10 години Дрогба го исполни ветувањето – направи фотка со Мбапе (фото)

Двајца играчи, едниот тогаш во зенитот на кариерата, другиот дете, на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, во 2009 година кога Барселона ја однесе победата, а малиот Французин остана пократок за фотка со идолот. Причина – голгетерот „полуде“ по судските одлуки.

На синоќешната церемонија за доделување на „Златната топка“ во Париз се собра фудбалскиот „крем“. Многу актуелни и екс-фудбалски ѕвезди беа во „градот на светлината“, меѓу кои и Килијан Мбапе и Дидие Дрогба.

Легендарниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска кој беше еден од водителите на гала-вечерта пред 10 години одбил фотка со тогаш 10-годишниот Мбапе по мечот меѓу Челси и Барса во Лондон. Дрогба го заборавил малиот фан поради бурниот меч со Каталонците, иако претходно му ветил дека ќе направат „селфи“.

Дрогба тогаш беше надвор од себе, бесен поради елиминацијата во полуфиналето во ЛШ, на мечот имаше дури 4 спорни моменти за пенал, па судијата беше наречен „крадец“.
https://youtube.com/watch?v=AMyAh-8XtR8
10 години подоцна при доделувањето на наградите во Париз двајцата фудбалери се потсетија на тој момент, а Дрогба направи селфи со францускиот фудбалер на сцената.

Scroll to Top