Прв пат по 2006 година, за Божикните празници, Реал или Барселона не се на првата позиција во Ла Лига. Нивната 14-годишната доминација ја прекина Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“, имаат ист број на бодови како и Реал, но тимот на Диего Симеоне има подобра гол-разлика и два натпревари помалку од Реал.
Атлетико најавуваат дека би можеле да ја повторат шампионската сезона 2013/2014. Играчите на Симеоне во просек постигнуваат по два гола, на натпревар, а во 13 натпревари, голманот Јан Облак е совладан само пет пати.
Атлетико е единствениот тим од 2004 година, кога титулата ја освои Валенсија, кој успеал да ја прекине доминацијата на двата најголеми клуба во Шпанија. Во овој период Барселона освоие 10, а Реал пет шампионски титули.