Top Sport

По барање на УЕФА: Босанското обвинителство истражува три натпревари

Европската фудбалска унија (УЕФА) недамна го известила Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина да ја истражи регуларноста на три натпревари одиграни сезонава во Премиер лигата на БиХ. УЕФА се сомнева дека трите натпревари биле наместени, пишувата босанските медиуми.

Откако наводите на УЕФА ги истражиле обвинителите на Фудбалскиот сојуз на БИХ, тие случајот му го предале на обвинителството на БиХ, чија истрага треба да заврши до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

„Од трите натпревари, за два комплетно ја завршивме истрагата и сега случајот ќе го преземе обвинителството на БиХ. Не можам да ви кажам за кои натпревари се работи. Индиции дека постојат елементи на местење има, но тоа треба да го утврди обвинителството. Сепак ние не можеме да ја продолжиме истрагата, бидејќи нажите надлежности се ограничени, Тука ќе настапи дрѓавното обвинителство кое има и резурси и луѓе и механизми да ја спроведе до крај истрагата“, рекол еден од тројцата истражители на Фудбалскиот сојуз на БиХ, Дамир Рагуж.

Според шпекулациите трите натпревари биле местени на најголемиот коефициент, полувреме/крај. Тука УЕФА открила дека на тие натпревари биле уплаќани големи суми на пари.

Scroll to Top